Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Половина од селото Витолиште, кое се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово 4 дена е без струја. Пред 2 дена едниот дел од селото добил струја, а додека преостанатите жители се оставени без никаква помош. До редакцијата на Инфо Компас се пожалија дека целата храна им се расипала затоа што не им работат фрижидерите на овие големи горештини.
Иако постојано барале од ЕВН да го санира дефектот, екипи не доаѓале. Бараат помош од надлежните институции, велат дека срамота е во 21 век жителите во руралните средини да немаат основни услови за живот, а и тие исто како и оние во градот редовно си ги подмируваат своите обврски и кон ЕВН и кон државата.
Прашуваат како ќе се врати животот на село со ваков однос?