Прилепчанец во алкохолизирана состојба управувал мопед, изгубил контрола и тешко се повредил

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 30.08.2026 околу 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Тетовска“ во Прилеп, 52-годишниот Т.П. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и по извршени проверки, било констатирано дека Т.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци