Прилепчанец затекнат како пренесува нежигосани огревни дрва

На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп.

Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира