Прилеп го надмина Дебар по бројот на заболени, сега е на трето место во државава, 4 нови случаи денеска

Во изминатите 24 часа направени се 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица, информираат денеска од Министерството за здравство. Вонредна консулатација меѓу МЗ и Комисијата за заразни болести, потврдени 48 нови случаи на Ковид-19.

 

Од новодијагностицираните по градови се: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

 

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

 

Скопје – 284,

Куманово – 168,

Прилеп –50,

Дебар – 49,

Струга – 33,

Тетово – 31,

Штип – 21,

Кочани – 19,

Велес – 18,

Битола – 8,

Гостивар – 6,

Охрид – 4,

Гевглелија – 4,

Радовиш – 4,

Крушево – 3,

Кавадарци – 3,

Крива Паланка – 3,

Струмица – 2

и Пробиштип – 1.

 

Последните неколку дена нема пријавено ниту еден заболен во Дебар.

 

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

 

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци