По 14 години, Прилеп повторно е опфатен со владина набавка на нови амбулантни возила за потребите на Итната медицинска помош. Во рамки на набавката на 100 нови амбулантни возила, кои ќе бидат распределени низ здравствените установи во Македонија, за Прилеп се доделени три возила, со што за првпат од 2012 година се обезбедува вакво обновување на возниот парк преку Владата.
Со новите возила ќе се подобрат условите во кои работат екипите на Итната медицинска помош, а граѓаните ќе добијат посигурен и подостапен итен медицински транспорт. За град како Прилеп, кој ги опслужува и жителите на околните населени места, дополнителните три возила ќе бидат од голем бенефит при секојдневните интервенции и транспортот на пациенти.
За поздравување е одлуката на Владата да обезбеди три нови амбулантни возила за Прилеп, особено ако се има предвид дека последната ваква набавка за градот датира од 2012 година. Обновувањето на возниот парк е реална потреба на здравствените работници и граѓаните, а со оваа набавка се одговара токму на таа потреба.