ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Еден од трите светски купови во прецизно слетување во парагалајдинг ќе се одржи во Прилеп, од 21 до 24 мај 2026. Настанот ќе се одржи на спортскиот аеродром во Мало Коњари, а во организација на ПК. Скај Рајдерс – Прилеп.
Учество ќе земат 70-тина највисоко рангирани натпреварувачи на светската ранг листа, од 21 земја меѓу кои и светскиот шампион Јанг Чен од Кина и европскиот шампион Матјаж Слуга од Словенија.
Четврток 21 мај е тренинг ден, а 22, 23 и 24 мај натпреварувачки денови. Планирани се максимум 12 рунди. Добрата организација би значело организирање на овој натпревар уште 2 до 3 сезони.
Досега во Македонија се имаат организирано три вакви Светски купови, првиот Светски куп во 2007 година во Крушево, 2008 повторно во Крушево 2008 и 2010 година во Охрид.
Организацијата на ваков настан за Прилеп, но и воопшто за Македонија има огромно значење за развојот на овој спорт и промоција на државата како една од светските топ параглајдинг дестинации.
