Прилеп е на пат да биде првиот град кој ќе постигне колективен имунитет

Прилеп ќе биде еден од првите градови во земјава што ќе постигне колективен имунитет, со оглед дека досега од 40 до 45 % од населението ја прележа болеста, вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој и самиот е дел од тој процент на заболени и оздравени од Ковид-19.

Во последниве денови градоначлникот алармира дека состојбата во Прилеп е загрижувачка и бара зајакнување на мерките.

„Во Прилеп е доминантен британскиот сој на вирусот и тоа е потврдено. Тој е позаразен, побрзо се шири, ретко промашува некого, ако заболи еден член – заболува целото семејство“, посочува Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци