Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш.
Меѓу повредените во автобусот кој во неделата наутро се преврте во близината на Лесковац, е и возачот, кој се наоѓа во притвор и ќе треба дополнително да се истражи дали тој е виновникот за несреќата, или станува збор за нешто друго.
Автобусот кој се обраќаше од Македонија кон Виена, излета од патот и се преврте по што три лица загинаа, а триестина беа повредени. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.
Полесно повредените лица, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“ во Лесковац, синоќа организирано беа префлени во Македонија.