Проекција на „БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД“ на 20-ти и 21-ви во кино Мис Стон


На 20 и 21 декември 2022г. во киното Мис Стон ќе се прикажува анимираниот филм „БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД“. Има две проекции од 17.00 и 18.30 часот. Влезниците се по цена од 150 денари, а може да се купат на билетарницата од киното во понеделник од 10 до 14 часот и вторник од 10 до 12 часот, како и  два часа пред проекцијата на филмот.

Кратка содржина:

Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш – непредвидлива! Биби Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешков град за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешков град е пуст и тивок. Каде се сите снешковци?Зошто никој не ја прославува Новата година? Гледајте ја оваа возбудлива новогодишна сказна за да дознаете.

Повеќе информации за филмот:

  1. Анимиран/цртан, авантура, семеен филм
  2. Актери: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Сашка Димитровска и Никола Ристановски.
  1. Режија: Никола Чикос, Димитар Аризанов, Јосип Здравковски,
  2. Сценарио: Билјана С. Црвенковска
  3. Времетраење 32 мин.
  4. Македонска продукцијана СВЕТОТ НА БИБИ ДОО Скопје
  5. Година на продукција 2022

Новогодишна детска авантура „Биби и Боби во Снешковград“

Магичен новогодишен филм за којшто ќе се зборува за време на новогодишните празници. Филмот е наменет за целата публика, односно за деца од предучилишна и училишна возраст. Филмот е вопродукцијана СВЕТОТ НА БИБИ ДОО.

Скопје познати на сите од анимираниот серијал „Светот на Биби“  чиј долгометражен анимиран игран филм „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ рушеше рекорди на гледаност и беше најгледана македонска премиера.

Линк до трејлер за филмот: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=hsLT1tQwCf0&fbclid=IwAR1MaapoS3MQVQfiNiXNtlpZF2Soza2hYyvTQIXRta9NN7ZIZCQPOrRPQ2Q

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира