Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.


Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка со кинескиот пазар.

Претставник од Витаминка е Игор Рибар, подрачен шеф во извоз, кој во рамки на настанот ќе оствари значајни средби со потенцијални партнери и дистрибутери од Азија.

„Учеството на Витаминка на China-CEEC Expo е значаен чекор за отворање кон нови пазари и интернационализација на нашите брендови,“ изјави Рибар по пристигнувањето. „Настанот ќе ни овозможи директна промоција на нашите производи пред глобална публика и остварување контакти што може да резултираат со нови извозни договори. Кина е огромен пазар, а Витаминка има што да понуди – квалитет, традиција и прилагодливост“, додава тој.

 

China-CEEC Expo 2025 се одржува под мотото „Нови визии за иднината“. Големиот настан ќе вклучува церемонија на отворање, сесии за поврзување на бизниси, активности за промоција на инвестиции, културна размена и трговска изложба која ќе се простира на 80 илјади квадратни метри.

Присуството на Витаминка на ваков престижен саем ја потврдува посветеноста на компанијата кон проширување на своето меѓународно присуство, а истовремено претставува и вреден придонес за промоцијата на македонската храна и прехранбена индустрија во светски рамки.

 

Саемот China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair потекнува од иницијативата од 2013 година во Букурешт, кога беше предложено организирање на изложба на потрошувачки производи од ЦИЕ во Кина. Првиот саем се одржа во јуни 2014 година во Нингбо, а во 2019 година доби статус на национален институционален саем, со официјално име China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair.  Од 2019 до 2023 година, на саемот учество зеле повеќе од 3 000 компании од ЦИЕ, со над 10 000 различни производи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци