Безживотно тело на машко лице пронајдено во центарот на Прилеп

На 18.04.2020 во 05,45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронајдено било безживотно машко тело, со видлива повpeда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од Прилеп.

Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти денеска МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукциja.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци