Пукање во центарот на Прилеп – полициски службеници пукале во комбе!

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денес во центарот на Прилеп се случи инцидент кога полициски службеници пукале во гумите на комбе со кое управувал ресенчанец, кој претходно се обидел да ги прегази.

„Денес од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил лишен од слобода Н.К.(53) од Ресен, затоа што претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства, при што полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото. Според пријавеното, во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од страна на инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, изјавија денес од МВР.

По извршениот увид и документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира