Организација на попис: Работна средба на Државен завод за статистика, државниот врв и градоначалниците Во Собранието денес ќе биде организирана работна средба во рамки на тековните активности на Државниот завод за статистика (ДЗС) за успешно спроведување на претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите. На средбата се поканети сите градоначалници на општините во Македонија.
Во најавата стои дека на состанокот ќе присуствуваат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
Собранието го изгласа Законот за попис, и Законот беше потпишан од претседателот Пендаровски.
Опозицијата ВМРО-ДПМНЕ се противи на пописот, и цврсто стои на ставот дека поради пандемијата пописот треба да биде одложен.