Радмила Шекеринска стана заменик-генерален секретар на НАТО, првата жена од Западен Балкан на висока функција

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Поранешната македонска министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за заменик-генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.

Информацијата ја потврди и НАТО со објава од генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.

Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Македонија 2017-2022 година, одигра клучна улога во процесот на пристапување на земјава во НАТО во 2020 година. Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик-генерален секретар на НАТО Борис Руге, кој привремено ја презеде функцијата претходно оваа есен, откако тогашниот заменик генерален секретар Мирчеа Џоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија.

Шекеринска по објавата за нејзиното назначување, на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте.

„Ќе ми биде привилегија да служам како заменик-генерален секретар на НАТО под раководство на генералниот секретар на НАТО. Посветена сум на работа со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска по објавата.

Шеќеринска ќе ја преземе својата нова позиција подоцна оваа година, што претставува значаен чекор за нејзината кариера и лидерството на НАТО. Таа  ќе биде највисокиот функционер на НАТО од регионот на Западен Балкан, надвор од Европската Унија. Во моментот Шекеринска е потпретседател на Партијата на европските социјалисти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци