Распишан конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 30.12.2025 година ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com .

Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири чии членови ќе останат анонимни до истекување на конкурсот.

Минатата година наградите ги добија: прво место, Марија Бошковска за „Во една шума чудесно чудна“,второ место Светлана Котевска за „Бунт на природата“ и трето место Ружица Денковска за „Градинарска судница“.

Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на фејсбук-страницата на „Креативна верига“ (клик овде), а конкурсот е достапен на следниот линк: конкурс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира