Расчистени 6 тешки кражби на возила во Прилеп, приведени две лица, одземеното вратено на сопствениците


На 04.12.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети.

Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира