Рашковски поднесе оставка, Заев ја прифати


Драги Рашковски утрово објави дека на 12 април поднел оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

Името на Рашковски во последно време беше поврзано со бројни скандали, злоупотреба на службена должност, тендери…

Рашковски пред 5 месеци беше именуван за секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма во кабинетот на премиерот – нова функција што беше воведена набрзо по неговото заминување од позицијата генерален секретар на Владата.

Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот, напиша Рашковски во оставката.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање зад функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам дека лажните вести ќе престанат, зашто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Сѐ поразлично од тоа е лажна вест“, пишува Рашковски на Фејсбук.

По информацијата, премиерот Зоран Заев за „Фокус” кусо изјави дека ја прифатил оставката.

„Да, ја прифатив оставката“, изјави премиерот Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира