Ревакцината со „АстраЗенека“ ќе се прима на 6 недели, наместо на 12 недели


Ревакцината со „Астра Зенека“ ќе се прима на 6 недели, наместо на 12 недели од аплицирањето на првата доза, како што беше досега, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во упатството има флексибилност, а тоа е од четири до 12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги буквално сите публикации и искуства од другите земји во однос на тие првично регистрирани несакани ефекти. Како времето одминува и гледаме дека тој ризик е навистина минимален, се одлучуваме ревакцината да не биде четири недели, како што е во упатството, туку да биде шест недели“, рече Филипче.

Вакцината „Астра Зенека“ во Македонија се дава само на лица постари од 60 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира