Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток, 29-ти октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 53 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест;
- Бројот на активни случаи изнесува 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 680 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1225.