РКЕ: 120.000 домаќинства можат да имаат струја со централите од обновливи извори на енерија

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Новите централи за производство на електрична енергија од обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци, може да ги задоволат потребите за струја на близу 120.000 домаќинства, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во периодот од јануари 2022 година заклучно со јули 2023 година РКЕ има издадено лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

„Со овој нов инсталиран капацитет што е ставен во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинства со просечна потрошувачка од 14 градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија и Велес. Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и биогас“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 година, како што пишува во соопштението, РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на јули, 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати се имаат стекнато со лиценци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира