Ракометарите на Прилеп запишаа победа против Работнички со 27-24, со овој триумф останаа во игра во трката за третото место кое значи пласман во плејофот.
Во составот на Прилеп се истакнаа Чантурија со осум и Шокоски со шест гола, кај Работнички двајца играчи запишаа по шест гола, Атанасовски и Ончев беа најдобри поединци.
Прилеп по денешната победа има 10 бода и во моентов е на петтото место, колку што има и четвртопласираниот Тиквеш. Еурофарм Пелистер со 12 бода е трет, додека Работнички со 9 бода е на шестото место.
