Самостојна изложба од уметницата Верче Николоска во петок во Цепенков

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 18 ноември 2022, петок од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена самостојна изложба од уметницата Верче Николоска, член на ДЛУП. Николоска во наредните две недели ќе се претстави со 23 слики.

Мотивирана од убавото, уметницата го отсликува светот на нејзината душа, светот  на нејзината животна одисеја, распространета од нејзиниот имагинарен сон. Нејзините дела се изработени во  експресна апстракција.

Биографија

Верче Николоска е родена 1956г. во Прилеп. Завршила средно образование во Прилеп, а со уемтност се занимава од млади години. Љубовта кон ликовната уметност е голема и продолжува да го развива талентот. Мотивирана од убавото, од љубовта кон уметноста Верче се надоградува и својата креативност во ликовната уемтност ја изразува во повеќе техники – масло на палтно, акварел, графика, цртеж.  Смислата на својата уметност Верче ја бара во апстрактниот експресионизам. Член е на ДЛУП.

Изложби :

Од 2004 година досега реализирала самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Неготино, Кичево, Македонски брод. Учествувала на групни изложби на ДЛУП, на ликовни колонии во Пешна, Валандово, Пробиштип, Дрен, Неготино, во Црна Гора.

Неодамна беше дел од проектот „Инклузивни музеи“ на Завод и музеј Прилеп, учествувала во манифестации од хуманитарен карактер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира