Само уште десет празни кревети останаа на Инфективната клиника во Скопје за пациенти со Ковид-19. Во Куманово, Струмица и Велес, повеќе нема слободни места и тие пациенти се препраќаат во Скопје. Лекарите си заминуваат од државните болници. Ситуацијата станува алармантна.
Откако неколку сестри и доктори си заминаа, отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“, Патриција Каламарас.
Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше да се почитуваат мерките за превенција, да се носат маски и да се одржува дистанца, за да се забави ширењето на вирусот. Доколку новиот пакет мерки не дава резултати Филипче не исклучува целосен или делумен карантин по општините, за што се надева дека сепак нема да се случи.