ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, ја информира јавноста дека од денес 5.02.2021 година, за директор на јавното претпријатие е именуван Сашо Велески, дипломиран машински инжењер.
Сашо Велески, на местото директор доаѓа од работното место раководител на Сектор за паркови и зеленило, при ЈКП ,, Комуналец,, – Прилеп. Велески, е со работно искуство од областа на менаџирањето во стопанството, работи и како член на Управниот одбор во Телеком, а повеќе години е ангажиран и како советник во Советот на Општина Прилеп.
„Со неговото работно искуство и познавањето на приликите и состојбите во јавните претпријатија, Велески, најавува многу новини во областа на правилното третирање и управување со отпадот, беспрекорна заложба за чист и уреден град, и здрава животна средина во општинава“, велат во соопштението од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)