Видео – СДСМ : Да се залагаме за истите вредности за кои загинале хероите од НОВ, а тоа се слободна и просперитетна Македонија

Општинската организација на СДСМ на сите граѓани денеска им го честиташе „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Од името на О.О на СДСМ Прилеп на сите граѓани им го честитам „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп. Ги повикувам сите без разлика на верска, национална и политичка определба да продолжиме да ги негуваме и да се залагаме за истите вредности за кои овие херои ги дале своите животи, а тоа се слободна, независна и просперитетна Македонија“, истакна Никола Багески, О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира