СДСМ : Криминалната ВМРО-ДПМНЕ го валка највисокото општинско признание „3 –ти Ноември“

Партијата која што е синоним за криминал, корупција и брутално кршење на сите закони, денеска највулгарно се дрзна да го валка дигнитетот на новиот градоначалник Илија Јованоски и новата локална гарнитура од СДСМ, која што работи со доследна примена на законската регулатива. Ова денеска преку соопштение го истакнаа од СДСМ Прилеп како одговор на прес конференциијата на ВМРО-ДПМНЕ на која тие обвинија дека СДСМ ги политизира празниците и манифестациите во Општината.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„ВМРО-ДПМНЕ во обид да ќари ситни политички поени, повторно во препознатлив популистички манир, се симна на најдолните граници, валкајќи го највисокото општинско признание „3 –ти Ноември“, што се доделува традиционално по повод Денот на конечното ослободување на Прилеп.

 

Имајќи ја во вид нервозата, стравот дека ќе одговараат за своите злодела, за незаконското и расипничко трошење на народните пари од општинската касата, а за коишто јавноста ќе биде дополнително информирана, јасно е дека Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ потонал во безидејност, па се обидуваат да држат политички тонус со лаги, невистини и флоскули во јавноста.

 

Овој политички ракурс на ДПМНЕ на општинско ниво го разбираме. Стравот им е преголем, зашто се свесни дека новата локална власт и градоначалникот Јованоски од првиот момент на преземање на обврските работат интензивно на реализација на проектите од Програмата „Живот во Прилеп за сите“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци