СДСМ: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште?

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје, изјави Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

„И што најдовме тука? Апсолутно ништо!

Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата.

Како е регистрирана оваа фирма?

Дали фирмата има фиктивно седиште?

Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори.

Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи?

Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер.

Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!“, рече Костовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми