Северна Кореја се пофали со своите ракети и оружје на воена парада

Facebook
Twitter
Email
Print

Ден пред утрешното започнување на Зимските Олимписки игри во Јужна Кореја, Северна Кореја денеска одржа воена парада во присуство на врховниот лидер Ким Јонг Ун.

 

Како што известуваат медиумите од светот, парадата била помала за разлика од претходно, а Ким Јонг Ун во својот говор рекол дека неговата земја била воена моќ од светски калибар.

 

“Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, е воена сила од светска класа”, изјави Јонг Ун, во пресрет на парадата.

 

За време на парадата беше демонстриран интерконтиненталниот балистички проектил од нов тип “Хвасон – 15”. Неколку лансирни станици на “Хосон-15”, Хвасонг-14, Хвасонг-12 и Пукгуксонг-2 со помал дострел. а сето тоа беше прикажано во телевизискиот пренос на националната телевизија. Парадата исто така се состоеше од тенкови, обична и ракетна артилерија, оклопни возила.

 

Парадата се одржувала на плоштадот Ким II Сунг, каде што парадирале околу 10.000 војници, а претходно во дефилето учествувале околу десетина илјади луѓе.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци