Се воведуваат правила, но и казни за возачите на електрични тротинети

Facebook
Twitter
Email
Print

Движењето со електрични тротинети се регулира со законски промени, кои веќе поминаа на седница на Влада, а за непочитување на прописите предвидени се казни и до 120 евра.

 

Според предлог-измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, електричен тротинет ќе може да возат само лица постари од 14 години, а доколку дете од помала возраст биде фатено како вози тротинет, родителот ќе биде казнет со 50 евра.

 

Во пракса, за тротинетите ќе важат слични правила како и за велосипедистите. Тротинетите ќе можат да се движат само по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се движат и по тротоар. Максималната брзина на велосипедска патека е 25 км/ч, а на тротоар 6 км/ч. Во случај да има повеќе лица со тротинети, тогаш тие треба да возат еден позади друг.

 

Предвидено е и задолжително носење на флуоросцентни елеци во вечерните часови или кога временските услови го наметнуваат тоа. Во предлогот, иако не е предвидена глоба, се наведува и дека возачите на тротинети треба да носат и заштитен шлем на главата.

 

Предвидените казни се од 50 евра за не носење на елек, за возење по улица и булевар 80 евра, до 120 евра за надминување на дозволената брзина.

 

Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло.

 

Сите овие правила според МВР треба да придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци