Се одржа 4-от Голф-турнир „Витаминка опен“ во Запрешиќ, Хрватска

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во Запрешиќ, Хрватска во организација на прилепската компанија се одржа 4-тиот турнир во голф „Витаминка опен“. На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи, професионални и рекреативни голфери, од Хрватска кои се натпреваруваа за првото место и признание во официјалното голф рангирање.

Ова е четврт пат да се организира „Витаминка опен“ и стана веќе традиција. Бројот на натпреварувачи и учесници секоја година се зголемува што зборува за популарноста на овој спорт.

Турнирот се одржа на терените на Голф центарот Нови двори во Запрешиќ, во близина на Загреб, а беше во организација на Голф клубот Бан Јелачиќ. Турнирот привлече големо внимание, а покрај љубителите и поддржувачите, имаше и претставници на фирми од Хрватска кои активно соработуваат со Витаминка.

Идејата за создавање на традиционалниот голф турнир произлегува од посветеноста на компанијата кон поддршка на спортските активности и секаков вид спорт, индивидуален или колективен. Овој настан е уште една потврда за развиената општествена одговорност на Витаминка за поддршка на спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија, така и надвор од неа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира