Се санираа училиштата во Норово и Пресил, од денес започнува санација во Алданци и Белушино

Заврши бојадисувањето на внатрешните ѕидови во училиштата во с. Норово и с. Пресил, а од денеска продолжуваат активностите во с. Алданци и с. Белушино.

 

Преку овие активности, според градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, се извршува мала санација и се освежуваат просториите за учениците пред почетокот на новата учебна година.

 

„Оваа мала санација ќе го освежи просторот и верувам дека ќе создаде малку поубава средина за учениците. Мора да вложуваме во младите и затоа во иднина ќе продолжиме со имплементација на поголеми проекти во областа на образованието заедно со Владата и ресорното министерство.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци