Сите информации за вакцинацијата од денес достапни на веб страна

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска е пуштена во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, информираат од Министерството за здравство.

Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сиблимирани и достапни тука.

Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 ” vakcinacija.mk “.

„Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи.

Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата“, велат од МЗ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира