Слободен влез во сите поставки на прилепскиот музеј и серија интересни настани за Европските денови на културно наследство


Ни причинува посебно задоволство да Ви искажеме благодарност за вашето минатогодишно учество и да Ве поканиме на заедничко дружење и на овогодинешниот најголем проект поврзан со наследството – Европски денови на културно наследство, велат од прилепскиот Завод и Музеј Прилеп. Оваа партиципативна манифестација ја препознава и ја нагласува улогата на локалната заедница во заштита на наследството, промовира инклузивноста и поттикнува креативност.

Во серијалот на 50.000 настани, на тема Недопирливото културно наследство – Живо наследство, што се случуваат во 48 земји во Европа се вбројуваат и следниве настани организирани од Завод и Музеј – Прилеп во перодот од 22. (петок) до 28. (четврток) септември 2022 година.

 22.09.2023 петок

Слободен влез во постојаните поставки: Меморијален музеј 11ти Октомври – Рубинчо Белчески, кустос советник; Галерија на икони – Елизабета Иваноска, кустос; Роднокрајно музичко творештво – Лилјана Неделкоска – библиотекар; Археолошка поставка – Габриела Христовска, кустос; Етнолошка поставка – Паре Заревска, виш кустос; Музеј за тутун – Александар Цветкоски, кустос советник

27.09.2023 среда

Настан: Средба со Мимика Кинезија и Ишарет трипартитна, интерактивна и едукативна работилница за заштита на движењата што се применуваат во нашата социјално-духовна традиција; подготовка, проекција, вежба

Место: Етнолошка поставка и Едукативен центар

Реализација: м-р Александар Цветкоски, кустос советник и м-р Паре Заревска, виш кустос

 28.09.2023 Четврток

Настан: Култ, жртвеник и неолитска куќа интерактивна и едукативна работилница

Место: Постојана археолошка поставка и Едукативен центар

Реализација: м-р Оливера Јандреска, виш кустос

25.09.2023 вторник и 27.09.2023 четврток

Настан: Религиозното поведение на Марковите потомци, интерактивно-едукативна тура низ варошките цркви

Место: Варош, Црква Св. Никола

Реализација: виш кустос Мимоза Хирстоска

Вашето учество има свој придонес кон остварување на поставента цел за подигање на свеста за градење на одржлива заштита на заедничкото европско наследство.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира