СОНК оди на генерален штрајк од 11 април

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките низ Македонија.

„Советот на СОНК донесе едногласна Одлука за Генерален штрајк кој што ќе започне на 11 Април. Денешните преговори завршија без предлог од страна на Владата“, велат од СОНК.

Според претседателот на СОНК, Јоаким Неделков до кога ќе трае штрајкот ќе зависи од преговорите со надлежните министерства и со владините претставници, или ќе трае дотогаш додека не се договорат.

„Одговорот од Владата беше дека сме во економска криза, кризата со Украина и слично, но нашите плати, во просек од 25,000 денари не стигаат за задоволување на основните месечни потреби“, изјави Неделков за телевизија Сител.

Во моментов, платите на вработените во градинките изнесуваат околу 23 000 денари, во основните училишта речиси 25 000, а во средните до 29 000. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35 000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира