Соопштени добитниците на наградата „3-ти Ноември“ во Прилеп

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, на денешната седница донесе одлука за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.

 

Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на :

 

  • Душко Најдоски дипл. инж.арх. – за достигнувања во областа на архитектурата;

 

 

 

 

Наградите – плакети по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат на:

 

КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;

 

Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;

 

Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;

Здружение РОМА С.О.С– за едукација на ромското население;

 

 

Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

 

Василе Димески– за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;

 

Александар Стојкоски– за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;

 

Миле Спирковски– за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

 

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Прилеп“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира