СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп учесник во изработката на меѓународен онлајн прирачник за Прва помош

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во партнерство со колеги од  училишта од Србија, Шпанија, Португалија и Турција, професори од СОУ „Ѓорче Петров“,  Прилеп учествуваа во изработка на онлајн  прирачник за Прва помош. Прирачникот е краен продукт од Еразмус проектот „First aid worldwide“ и се базира на работа и истражувања за изнаоѓање и примена на иновативни методи, начини и средства  за прва помош.

Тој соджи поглавја кои опишуваат различни состојби и повреди за кои е неопходно познавање  прва помош, како и објаснувања како да се реагира во одредена ситуација. Сликите и видео материјали од шминкани повреди се важен  дел од прирачникот и реално ги прикажуваат повредите и раните кои се случуваат во секојдневниот живот.

Секој проектен партнер имаше посебна задача. Обрска на тимот од СОУЃорче Петров беше да истражи, избери и примени во наголема мера природни материјали за шминкање и реално, економично прикажување на повреди. Се очекува овој производ (онлајн прирачникот) да најде примена во наставно-образовниот процес како дидактичко помагало за учениците и наставниците, но и кај целата популација во стекнувањето на основни познавања и пружање на прва помош при несакани и непредвидени животни ситуации“, велат од СОУЃорче Петров – Прилеп.

Координатор на проектот беше партнерското училиште „Сестре Нинковиќ“ од Крагуевац, Србија, а координатор  за СОУ „Ѓорче Петров“ е професорката Билјана Тошеска.

Кликнете ТУКА за линк до прирачникот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира