Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата. Всушност, Светската недела на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата. Тие се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина, светот останува на децата и треба да ги научиме да ги осознаат вистинските вредности на животот и да успеат во овој свет.
Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5ти Октомври – Меѓународниот ден на учителот. Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата но воедно и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување.
Во име на учениците и нивните учители, Општина Прилеп организира настан под слоганот “Со мали чекори – кон големи соништа“ на кој што најмалите ученици – ПРВАЧИЊАТА преку симболичното свечено ветување (заклетва) ќе бидат примени во Детската организација, водени од своите наставници.
Време: Недела 05.10.2025 година од 11 до 14 часот
Локација: Могила на Непобедените – Прилеп