Спасителната служба „Златоврв“ постави кутија за впечатоци на врвот Козјак. Секој оној кој ќе се искачи на врвот ќе може на лист хартија да ги напише своитет импресии од планинарењето до ова места и потоа листот да го стави во кутијата. Ова е најнов проект на Спасителата служба со кој тие се обидуваат да ги поттиккнат младите да ја посетуваат планината.
„Со овој наш проект сакаме да ги поттикнеме младите да започнат повеќе да ја посетуваат планината и природата. Ова е прва ваква кутија која се поставува во прилепско, но за брзо време планираме вакви кутии за впечатоци да се постават и на другите врвови во околината“, истакна Дарко Неданоски, раководител на Спасителната служба.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)