Спасовски дал налог за кривични пријави за газдите што не им ја исплатила државната помош на работниците

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Премиерот Оливер Спасовски дал налог да се поднесат кривични пријави за газдите што не им ја исплатила државната помош на работниците.

 

„За непочитување на законските обврски, мора да се сноси одговорност бидејќи во спротивно, такво однесување може да се повтори.Ние правиме натчовечки напори да покажеме солидарност и да помогнеме да се задржат работните места и да се помогне економијата, а тоа некој се обидел да го злоупотреби. Тоа нема да помине. Му дадов налог на генералниот секретар на владата да ги подготви сите акти кои се потребни и врз основа на тоа да се покренат кривични постапки за сите кои не ја испочитувале обврската. Во однос на информациите дека сега тие набрзина се обидуваат да ги исплатат тие средства, и ние тоа го проверуваме. Меѓутоа, како и да е, секој што злоупотребува ќе мора да одговара“, изјави премиерот Оливер Спасовски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци