Сребрениот медал пристигна во Македонија – пречекан Георгиевски на скопскиот аеродром

Facebook
Twitter
Email
Print

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски пристигна во Македонија откако постигна историски успех на Летните олимписки игри (ЛОИ) со освојување на сребрениот медал.

Георгиевски на скопскиот аеродром беше пречекан од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, од своето семејство, од членовите на неговиот таеквондо клуб од Бутел, но и бројни љубители на спортот од Македонија.

„Пресреќен сум што ја израдував Македонија. Благодарен сум на пречекот, на сите кои дојдовте тука. Имавме долг пат, но сега емоциите работат. Благодарам и на поддршката и честитките сите овие изминати денови уште пред олимпискиот турнир и по освојувањето на сребрениот медал“, рече Георгиевски.

Македонскиот таеквондист вечерва од 19:30 часот ќе биде поздравен и на плоштадот во главниот град, каде ќе биде организиран официјалниот пречек.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци