Стразбур пресуди во полза на Рамковски за притворот

Facebook
Twitter
Email
Print

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ја објави пресудата во корист на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска по тужбата која што ја поднеле за критериумите по кои им бил одреден притвор, но и за должината на притворот во случајот „Пајажина“ кој траел повеќе од една година.

 

Според Судот во Стразбур, во овој случај постои повреда на членот 5, ставот 3 на Европската конвенција за заштита на човековите права во врска со правото на слобода и непостоење на причините за притвор, но не постои повреда во однос на членот 6 од Конвенцијата, кој се однесува на правото на правична судска постапка.

 

Секој човек има право на слобода и на безбедност и никој не смее да биде лишен од слобода, освен врз основа на закон, се пропишува, меѓу другото во членот 5 на Конвенцијата, за кој ЕСЧП утврди повреда. Судот во Стразбур во својата пресуда вели дека е досудена парична отштета  од 780 евра за секој од двајцата жалители.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци