Стручен семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери, ЏК СЕИШИН активно партиципираше со своите стручни кадри


На 27.01.2024 година во Битола, во организација на ЏФСМ и техничка поддршка од џудо клуб Пелистер Битола , се одржа Стручен семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери.

Семинарот го предводеа Томе Јосифоски – Претседател на Судиската комисија, Ѓорѓија Стојанов – Претседател на комисијата за лиценцирање и едукација на џудо тренери и Јован Велески член на комисијата за едукација.

Учество зедоа околу 60 стручни лица ( тренери и судии) од сите клубови членки на ЏФСМ.

Џудо клубот СЕИШИН Прилеп активно партиципираше на овој семинар со своите стручни кадри кои се здобија со сертификати и лиценци за работа за натпреварувачката 2024 година.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира