Струјата поскапува за 7.4%

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7.4%. Од идниот месец еден киловат наместо 5.54 денари ќе чини околу 5.9 денари за висока, а старите 2.78 за ниска тарифа се зголемуваат на 2.9 денари.

 

„Заради намалените приходи, пред се од извозните компоненти, цената на електричната енергија за сите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се зголеми за 7.4% и тоа ќе го следиме во наредниот период“, изјави  претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

 

Според Бислимоски, на сметка од 1.500 денари, зголемувањето на месечните трошоци ќе биде за приближно 100 денари, односно граѓаните би плаќале 1.600 денари.

 

РКЕ одлучила во наредниот период, да нема укинување на евтината тарифа во корист на граѓаните. Таа останува во истиот период како досега.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци