Сулејман Реџепи: Македонскиот народ е див, затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат

Facebook
Twitter
Email
Print

Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот фејсбук-профил Реџепи го постави видеото пред два дена, пишува mkd.mk.

 

Тој во својот говор зборува за минатото на оваа џамија, кога, според него, еден македонски премиер од тоа време, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.

 

Во последно време со своите јавни настапи и постапки во ИВЗ реисот Реџепи како верски поглавар многу повеќе провоцира и предизвикува поделби.

 

Помала група на албански интелектуалци реагираат на ваквите негови постапки, но засега нема никакви реакции од партиите на Албанците во Македонија, а очигледно е дека сега треба да реагираат државните органи за ширење етничка омраза.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци