Танц студиото ЗОДИЈАК со целовечерен концерт ќе го прослави својот 27 роденден

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Танц студиото ЗОДИЈАК при ЦК „Марко Цепенков“со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 год. во 20 часот ќе го одбележи 27 – от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април.

„Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстави студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска“, велат од „Зодијак“.

Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека автор на промо видео спотот е од Љупчо Атанасоски.

Влезот е слободен, но заради протокол и безбедност на сите во салата ќе се сместуваат само лицата со влезници до ислопнување на капацитетот. Услугата е прв дојден прв услужен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од билетарницата на ЦК „Марко Цепенков’.

Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци