Тешко повреден возач откако со „цитроен“ излетал од патот кај Штавица

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Триесет и петгодишен жител на Прилеп се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од коловозот на регионалниот пат Лагово–Витолиште, во близина на селото Штавица.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 јули во 15:25 часот, кога патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (35) од Прилеп, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци