Тила и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп спроведоа еко-акција за почиста средина

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Тимот на ТИЛА, заедно со учениците од Va одделение на О.О.У. „Кочо Рацин“ – Прилеп, предводени од нивната наставничка Анета Станкоска, успешно реализираа еко-акција „За почиста средина“ во паркот над езерото.
Во рамките на акцијата, учениците ентузијастички и посветено го чистеа отпадот оставен по вчерашното прославување на Први Мај, исполнувајќи 40 вреќи со ѓубре за само два часа. Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина и да поттикне активна одговорност кај граѓаните.
„Чистата околина е наша колективна одговорност. Преку вакви активности ги мотивираме најмладите да станат вистински чувари на природата,“ истакна претставник од TILLA.
Компанијата TILLA има долгогодишна заложба за еколошка одговорност и активна соработка со локалните училишта. Минатата година, во партнерство со учениците, реализираше пошумување со 2.000 садници, а годинава фокусот беше насочен кон чистење и едукација за животната средина.
„Преку креативен пристап и директно вклучување на учениците, се надеваме дека ќе влијаеме позитивно врз нивната перцепција за природата и потребата за нејзино зачувување,“ додадоа од TILLA.
По завршувањето на еко-акцијата, учениците уживаа во кратка пауза и заедничка игра, славејќи го нивниот труд и успех.
Компанијата TILLA ќе продолжи со иницијативи насочени кон одржлива иднина, поттикнувајќи позитивни промени во заедницата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира