Тошкоски: Солидна пополнетост со човечки ресурси, но лоша состојба со технички средства во ОВР Крушево и ОВР М. Брод

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на ОВР Македонски Брод и ОВР Крушево каде одржа работни состаноци со раководствата на двете организациски единици.

„ОВР Македонски Брод ги покрива Општините Македонски Брод и Пласница каде живеат околу 10 000 жители на прилично голема територија, додека ОВР Крушево ја покрива само Општина Крушево каде живеат околу 8000 жители.

Што се однесува до обемот на криминал и двете организациски единици бележат ниско ниво на евидентирани кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир. Од аспект на човечки ресурси има солидна пополнетост, а состојбата со возила и материјално-технички средства е лоша и во иднина треба да се инвестира во овој дел.

Објектот на ПК Самоков кој е во состав на ОВР Македонски Брод е во лоша состојба и поради несанирана кровна конструкција истиот е без струја, за што од страна на началникот биле пишувани проблемски информации, но проблемот се уштè постои“, издвои министерот Тошковски од денешниве посети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира