Третиот рок за пријавување за реонски попишувачи завршува за два дена на 25 август


Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи може да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

Бидејќи тестирањето на досега пријавените кандидати се спроведе на 19 и 20 август, за сите пријавени кандидати во периодот до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање, соопшти Државниот завод за статистика.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Контактите со овие комисии и дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира