Во Дебар синоќа во 3 часот наутро смртно се застрелани маж (54), сопругата (53) и нивната 14-годишна ќерка. Убиството се случило во нивната семејна куќа на улица Први Мај.
Трикратниот убиец, со пиштол, најпрво во спалната соба ги застрелал сопружниците, а потоа и нивната ќерка. Истрагата сѐ уште ги утвдува мотивите, но неофицијално, причината е расправијата меѓу А.П. и неговиот зет за сестра за меѓата меѓу нивните две куќи каде требало да поминува патче за проаѓање.
Семејството на настараданите живее во Италија. Тие летово биле дојдени во родниот крај, а нивните две повозрасни деца неодамна заминале за Италија на работа.